Сателитските приемници можат да се категоризираат во 4 групи:
Аналогни
приемници
-
Аналогната телевизија сеуште е присутна. Постојат многу
сателитски канали кои ќе постојат и во идните неколку години.
Сепак, се работи за мал број канали и купувањето на ваков вид
приемник не е поволна инвестиција.
Декодери и транскодери се исто така достапни како
додатни пакети за зголемување на бројот на криптирани канали.
Повеќето скандинавски канали користат
D/D2-Mac со Eurocrypt
енкрипција (Пр. Canal Plus, TV1000, TV3,
итн. на 1°W). Германските и некои други европски канали
имаат тенденција да користат Syster
декодери (Пр. Premiere и
Teleclub на Astra).
Овие декодери можат да се додадат на приемникот по
потреба.
Дигитални
приемници
-
Дигиталните приемници стануваат се почести и поради тоа
нивната цена драстично опадна последниве неколку години. Сите
ја знаеме изреката "дигиталниот
начин е начин на иднината" и со
дигиталните приемници лесно може да се воочи зошто. Денес
постојат илјадници емитувања на дигитални канали низ различни
сателити во таканаречениот
Кларков
прстен, вклучувајќи и бесплатни сервиси. Единствен начин
да се гледаат овие канали е со опрема компатибилна на
DVB стандардот за сателитска
системи. Ако планирате да гледате само бесплатни(некриптирани)
канали, препорака би било да ја изберете најевтината опција на
FTA (Free to Air)
приемник. Овие не содржат софтвер за декодирање (или САМ
модул) и повеќето од нив неможат никогаш да се надградуваат во
случај на потреба од криптирани канали. Приемниците со
вградени САМ модул или Универзален Приклучок
(Common Interface)
чинат секако повеќе од FTA
приемниците но со нив можат да се гледаат сите слободни
канали и многу европски криптирани ТВ сервиси со соодветен
модул и валидна картичка
Моторизирани приемници
-
Некои приемници(било аналогни или дигитални) имаат вградени
позиционери кои им даваат можност да контролираат или вртат
моторизирани сателитски чинии за да ви овозможат поголем избор
во мулти-сателитската забава.
Специјални
приемници
-
Овие приемници се дизајнираат и продаваат најчесто од
компаниите сопственици на системи за кодирање на канали.
Поседуваат вграден модул и се продаваат исклучиво со
оригинална картичка. |